Друштво за консалтинг и контрола
Имплементација и сертификација на ISO стандарди.

01Стандарди
МИТ КОНТРОЛ е друштво за консалтинг и контрола на квалитет на полупроизводи. Даваме консалтинг услуги за имплементација на ISO стандарди и посредуваме при нивно сертифицирање од акредитирана сертификациона куќа — StandCert – Белград.
Управување со квалитет
Животна средина
Безбедност и здравје при работа
Безбедност на информации
Управување со ИТ услуги
Медицински помагала
Безбедност на храна
Енергетски менаџмент
Тела за контрола — консалтинг за акредитација
Лаборатории — консалтинг за акредитација

МИТ КОНТРОЛ соработува со StandCert – Белград, независно сертификационо тело акредитирано од Акредитационото тело на Србија (АТС) за сертификација на системи за менаџмент и сертификација на лица. АТС е потписник на мултилатералниот договор IAF MLA, преку кој сертификатите издадени од StandCert се меѓународно признаени.
Сертификација според: ISO 9001, ISO 14001, ISO 45001, ISO/IEC 27001, ISO 22000, HACCP, ISO 13485, ISO 50001, ISO/IEC 20000-1, ISO 22301, ISO 37001 и други
standcert.rs ↗02Документи
За термин и место на одржување, прашајте нè на телефон или е-пошта.
Сообразност на производи со директивите на ЕУ: електрични апарати, PVC столарија, камини, соларни системи.
Во соработка со АПП (Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Северна Македонија) вршиме имплементација на ISO стандарди, со можност за поврат на средства до 50%.
0 +
меѓународни стандарди во едно место
МИТ КОНТРОЛ поседува неакредитирана лабораторија за контрола на квалитет и квантитет на полупроизводи, со потребни мерења и анализи. Резултатите се издаваат како сертификат, стручен наод или лабораториски извештај.
Микротврдост по Викерс (5 g – 1 kg), HV, HB, HRC и HRB; динамички уред (проба D за валани/ковани материјали, проба G за одливци)
Затезна цврстина Rm, граница на течење Rp0,2, дијаграм напон–издолжување, модул на еластичност, жилавост по Шарпи (150 и 300 J), свиткување — на собна и повишена температура (машина ZWICK/ROELL Z250)
Подготовка на шлиф, реплики, документирање на металографски слики, софтверска анализа на големина на зрна, микроструктура и термичка/термохемиска обработка, дебелина на слоеви
Оптичка емисиона спектрометрија
Пенетрантско испитување, испитување со магнетни честици, ултразвук, радиографија со х-зраци
Стисливост до Ø1700 mm, проширување
03Процес
Ја проценуваме моменталната состојба и барањата на стандардот.
Изработуваме процедури, политики и записи по мерка.
Ги воведуваме процесите и го обучуваме тимот.
Ве подготвуваме и посредуваме при проверката со StandCert – Белград.
04Контакт
Консалтинг и контрола на квалитет