Безбедност и здравје при работа (БЗР)

Ви помагаме да ги исполните обврските според Законот за безбедност и здравје при работа: од обука на вработените и проценка на ризик, до мерења на работната околина и испитување на опремата за работа. Сите извештаи ги добивате на меморандум, прегледни и подготвени за инспекциски надзор.

Изјава за безбедност и проценка на ризик

Изјавата за безбедност и проценката на ризик ги изработуваме според новиот Правилник за начинот на изготвување на изјава за безбедност и проценка на ризик („Сл. весник на РСМ“ бр. 233/2025): работни места, опасности и штетности, ниво на ризик (веројатност × тежина), мерки за отстранување или намалување на ризикот и рокови за ревизија.

Мерења на работната околина

  • Микроклиматски услови (температура, влажност и струење на воздухот), во зимски и летен период
  • Осветленост
  • Бучава
  • Прашина

Испитување на опрема и инсталации

  • Редовно тестирање и контрола на опрема за работа — машини
  • Редовно тестирање и контрола на опрема за работа — апарати
  • Испитување на нисконапонските електрични инсталации

Обука и правилник

Спроведуваме обука на вработените за безбедност и здравје при работа и изработуваме Правилник за безбедност и здравје при работа прилагоден на вашата фирма.

Побарајте понуда

Јавете се или пишете ни. Ќе ви одговориме и ќе ви кажеме што точно ви треба.

Често поставувани прашања

Што содржи изјавата за безбедност?

Податоци за работодавачот и работните места, утврдени опасности и штетности, проценет ризик и мерки за негово намалување. Ја изработуваме според Правилникот објавен во „Сл. весник на РСМ“ бр. 233/2025.

Колку често се прават мерењата и прегледите?

Роковите зависат од видот на мерењето, опремата и прописот. Во нашата евиденција секоја услуга има свој рок и ве потсетуваме кога доспева. За вашиот случај прашајте нè.

Дали ги правите сите услуги на едно место?

Да. Обуката, проценката на ризик, изјавата за безбедност, мерењата и испитувањата ги водиме заедно, за да имате целосна и усогласена документација.

Поврзани услуги